Хали Бери ги отфрли обвинувањата дека го злоставувала синот


hali-beri-depositphotos_738384890_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хали Бери ги отфрли обвинувањата на поранешниот сопруг Оливие Мартинез дека била насилна кон нивниот 13-годишен син Масео, тврдејќи дека таа самата е жртва на семејно насилство, пишува „Пипл“.


Мартинез минатата недела побара целосно старателство над нивниот син, тврдејќи дека Бери физички го нападнала за време на инцидент на 26 септември. Судот потоа привремено го промени досегашниот договор за старателство.

Во изјава доставена до судот, Бери категорично ги негирала обвинувањата.

„Никогаш физички, емоционално или на кој било друг начин не сум го злоупотребувала Масео. Јас сум жртва на семејно насилство и им помагам на други жртви. Не сум насилник и никогаш не би го повредила нашето дете“, навела актерката.

Според верзијата на Мартинез, Бери го фатила синот за врат и го давела откако се налутила додека тој играл со VR-очила.

Бери тврди дека се случило нешто сосема друго. Според неа, таа влегла во неговата соба за да му каже да престане да игра, а кога почнала да го снима со телефон, момчето ѝ го зграпчило уредот и двајцата почнале да се „борат на шега“.

Таа признава дека ситуацијата потоа ескалирала и дека синот ја турнал, но негира дека го фатила за врат, го давела или му го отежнала дишењето.

Бери наведува и дека по инцидентот Масео немал видливи повреди, како и дека Мартинез во следните денови не споменувал наводно насилство.

Поранешните сопружници со години имаат несогласувања околу грижата и воспитувањето на синот. Бери се противи на барањето на Мартинез за примарно старателство и бара да се врати заедничкиот модел, според кој детето поминува еднакво време со двајцата родители.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK