Денес се очекуваат десетици илјади демонстранти на улиците во Париз. Моќните француски синдикати најавија дека ќе им се придружат на средношколците кои бараат подобри услови за образование.
Бранот протести веќе е проследен со судири со полицијата. Уште од крајот на септември, учениците ги блокираат влезовите на стотици средни училишта низ Франција. Тие протестираат поради недостигот на наставници, пренатрупаните распореди, дотраените училници и зградите што не се соодветни за условите на зголемени температури.
Според податоците од Министерството за образование и студентскиот сојуз, наставата денеска е прекината во 589 од вкупно 3.700 средни училишта и на 32 универзитети поради протестите.
🚨 LES LYCÉES FRANÇAIS BRÛLENT
Les BLOCUS continuent partout en France et notamment au lycée Nelson Mandela à NANTES qui a été incendié ce MATIN !!
Le mouvement devrait maintenant s’étendre aux universités. https://t.co/GRGlbO0KMU
— Kultur (@Kulturlesite_) October 1, 2026
Властите во Париз проценуваат дека ќе се соберат меѓу 20.000 и 40.000 луѓе. Кабинетот на премиерот Себастиен Лекорну повика на мирни собири и на „враќање кон структурирана, законска и демократска форма на отпор“. Лидерката на синдикатот ЦГТ (CGT), Софи Бине, изјави дека нивните членови ќе присуствуваат на протестот за да ги „заштитат средношколците“.
Неколку синдикати и организации за човекови права ја обвинија полицијата за употреба на прекумерна сила. „Амнести интернешнал“ ги повика француските власти да ја „прекинат непропорционалната полициска репресија забележана во изминатите денови за време на студентските протести“.
Иако повеќето собири поминаа мирно, некои демонстранти запалија контејнери за отпад, уништија автобуски постојки и се судрија со полицијата. Безбедносните сили одговорија со употреба на палки, солзавец и шок-бомби.
#France — If you don’t run when the police charge at you, they will retreat. https://t.co/nv3xIBeKoj
— Antifa_Ultras (@ultras_antifaa) October 3, 2026
Владата соопшти дека од почетокот на протестите се повредени 215 ученици и 715 полицајци. Вчера, едно 15-годишно момче остана без шаката. Според полицискиот синдикат, повредата настанала кога тоа ја кренало шок-бомбата што претходно била испукана од полицијата.
Министерството за образование известува дека 24 училишта биле запалени или ограбени откако започнале протестите. Уапсени се повеќе од 5.000 луѓе, од кои 87 отсто се малолетници. Кабинетот на премиерот додаде дека повредени се и 85 наставници.
фото/ЕПА