Петмина рудари го загубија животот во северен Авганистан


rudari.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку пет рудари загинаа при уривање на рудник за злато во северната авганистанска покраина Тахар, објавија денеска локалните власти.


Рудникот се наоѓа во областа Шах Мастан во округот Шах Аб, изјави портпаролот на полициската команда на Тахар, Кари Накибулах Масрур, без да даде детали.

Масрур рече дека 10 рудари кои беа заробени два дена претходно во друг рудник за злато во областа Самти, исто така во округот Чах Аб, беа спасени претходно оваа недела.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK