Вечерва се затвора дел од обиколницата кај Солун


solun.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дел од солунската обиколница вечерва ќе биде целосно затворен за сообраќај во двете насоки поради продолжување на градежните работи на големиот проект „Флајовер“. Затворањето е особено важно за македонските граѓани кои патуваат преку Солун кон Халкидики, солунскиот аеродром или други делови од северна Грција.


Сообраќајот ќе биде прекинат од 23:30 часот во сабота, 3 октомври, до 05:30 часот во недела, 4 октомври, на делот од Внатрешниот периферен пат меѓу јазлите К5 „Папагеоргиу“ и К6 „Метеора“.

Во насока кон исток, сообраќајот целосно ќе биде прекинат кај излезниот крак кон Евкарпија, во близина на Градскиот стадион. Возилата ќе се пренасочуваат кон Евкарпија, а потоа преку градската улична мрежа ќе продолжуваат кон источниот дел на Солун.

Возилата што доаѓаат од западниот дел на Внатрешниот периферен пат и се движат кон исток задолжително ќе се исклучуваат на излезот кон „Склавенитис“ кај Евкарпија.

Оттаму ќе бидат пренасочувани преку јазолот „Склавенитис“, улиците „Јанис Рицос“ и „Тисеос“, а потоа кон Булевар „Страту“.

Во периодот на затворањето нема да биде дозволен ниту влез на Внатрешниот периферен пат во насока кон исток преку влезната рампа кај болниците.

Промени ќе има и за возачите кои се движат во спротивната насока. Кон запад, сообраќајот целосно ќе биде прекинат кај јазолот К6 „Метеора“. Возилата ќе се пренасочуваат преку излезот на К6, а потоа преку Булевар „Андреас Папандреу“ и градската сообраќајна мрежа.

За возачите кои патуваат кон Халкидики и солунскиот аеродром, предвидено е пренасочување преку излезот кај „Склавенитис“, додека сообраќајот кон Кавала и Катерини ќе се пренасочува преку алтернативни градски правци.

Затворањето е неопходно поради продолжувањето на градежните работи на „Флајовер“, проект за изградба на нов надвозник на солунската обиколница.

Надлежните ги повикуваат возачите да бидат внимателни, да ја следат поставената сообраќајна сигнализација и, доколку е можно, да ги избегнуваат затворените делови во наведениот шестчасовен период.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK