Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше на спринт трката одржана во рамките на Големата награда на Јапонија, 17-та рунда од овогодинешното првенство во Мото ГП.
Актуелниот шампион, кој ја обезбеди последната титула пред точно една година во Мотеги, ја забележа својата седма победа во спринт оваа сезона, со две и пол секунди предност пред Хорхе Мартин на Априлија.
Сепак, Мартин остана без второто место бидејќи на финишот од трката излета од патеката, што го направи и Енеа Бастијанини, кој беше трет, па на крајотнајблиску до Маркез беше Диого Мореира од ЛЦР Хонда.
Спринтот на патеката „Твин Ринг Мотеги“ беше обележан со инцидент од првиот круг, во кој помладиот Маркез, Алекс направи голема грешка и ги исфрли Педро Акоста од KTM и возачот на тимот ВР46, Фабио ди Џанантонио, од патеката. Возачот на Гресини сигурно ќе добие казна за овој инцидент.
Борбата за победата во спринт беше решена уште на самиот старт, кога Маркез го престигна Мартин, а потоа успеа да му се одвои. Во првите моменти, најблиску до нив двајца беше другиот возач на Априлија, Марко Бецеки, но одлуката, позади да стави мека гума скапо го чинеше.
Бецеки сигурно имаше одредени проблеми со мотоциклот, што доведе до негов пад во пласманот и ја помина целта на шестото место.
Од друга страна, иако Мартин се чинеше дека направил доволно за да му избега на Бастијанини, кој најмногу профитираше од грешката на помладиот Маркез, се најде под сериозен притисок на самиот финиш.
Возачот на Априлија беше под притисок, во последниот круг од Бастијанини и Мореира, и иако беше подобар од двајцата на целта, по завршувањето на спринтот имаше промени.
Мартин и Бастијанини, имаа предупредување, а во претпоследната кривина за неколку сантиметри ги напуштија грниците на патеката, па беа казнети со одземање на една позиција.
This is the reason why @88jorgemartin and @bestia23 were demoted one position 🔍#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/j4yuL7n29P
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) October 3, 2026
Поради казните за овие двајца, Мореира всушност беше класифициран како втор, па се најде на подиумот во кралската класа за прв пат во својата кариера.
Мартин на чело на генералниот пласман сега има 313 бода, седум повеќе од Маркез, и 45 поени повеќе од Бецеки.
Траката за Големата награда на Јапонија се вози во недела од 7 часот наутро.
Foto/ EPA