Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот


micevski-nova.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, реагира на изјавата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во која го нарекува премиерот, Христијан Мицкоски, „идиот“.


„Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот. Ова е срам за македонската политичка сцена, за СДС и за Филипче како нејзин претседател. Вакви срамни навреди кон претседател на Влада не и доликуваат на една опозиција која претендира да биде некогаш власт. Почитувани, Ова е говор на омраза и говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложена состојба. Филипче, манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци. Ова е говор на уценет човек. Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница. Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“?, рече Мицевски.

Според него, ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок.

„Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија? Суштината на неговиот денешен испад и недоличното манифестирање и невоспитано однесување, не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. За крај, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратениците, јасно го осудувам говорот на омраза на пратеникот Венко Филипче“, рече Мицевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK