Калифорнија го забрани детските бракови. Гувернерот Гевин Њусом потпиша закон со кој се укинува оваа практика, која сè уште е легална во 32 американски сојузни држави.
Новиот закон, кој стапува на сила на 1 јануари, пропишува дека лицата во Калифорнија мора да имаат најмалку 18 години за да стапат во брак.
Бракот со малолетници останува легален во 32 други сојузни држави.
Њусом ја опиша одлуката како „долгоочекувана мерка за заштита на младите жители на Калифорнија и на малолетниците“. Тој го потпиша законот во присуство на Кортни Стоден, чии родители го одобриле нејзиниот брак со 50-годишен актер кога таа имала само 16 години.
Стоден се залага за прекинување на оваа практика и ја поздрави новата мерка како победа.
„Од жртвите на детските бракови никогаш не треба да се очекува да го носат тој товар“, рече таа. Таа исто така најави дека ќе ја продолжи борбата сè додека децата не бидат заштитени од брак во сите 50 сојузни држави.
Таа се омажи за актерот Даг Хачинсон во 2011 година. Тој брак предизвика меѓународни контроверзии и доведе до нејзино појавување во неколку американски реални шоуа, вклучувајќи ја и серијата на VH1, Couples Therapy.
Порака на надеж за жртвите
И други жртви на детски бракови го поздравија новиот закон.
„Калифорнија денес испрати јасна порака до светот“, изјави за Би-би-си Британи Би, која и самата била принудена на брак како малолетничка. „Тоа е порака на надеж за сите деца дека можат да бидат ослободени од системско насилство и самите да го изберат својот пат.“
Би изјави за Би-би-си дека се омажила на 17-годишна возраст за да избега од дом во кој трпела злоставување, но – според нејзините зборови – потоа почнала да биде злоставувана од нејзиниот сопруг, кој бил возрасен човек.
„Едноставно преминав од еден затвор во друг“, објасни таа. „Луѓето имаат дрскост да ми кажат дека јас самата го избрав тоа – а децата не можат да дадат согласност.“