Зидан: Повредата на Мбапе не изгледа добро


depositphotos_749301792_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Килијан Мбапе ѝ донесе победа на Франција на тешкото гостување во Турција во Лигата на нациите, на дебито на Зинедин Зидан на клупата, но овој натпревар, напаѓачот нема да го паменти по добро.


Неколку минути откако го постигна голот за победа во 54-та минута, асот на Реал Мадрид го напушти теренот. Повредата се случи во моментот кога шутираше кон голот.

Зидан по натпреварот беше видно загрижен.

„Воопшто не изгледа добро. Килијан ќе се врати во Мадрид. Не сакаме никаков ризик“, рече Зидан, објаснуваќи како се случила повредата.

„Ги истегна лигаментите на коленото за време на шутот. После тоа не можеше да продолжи. Мбапе не се чувствува добро“, заклучи Зидан.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK