Дошле со камион и гореле кабли на депонијата во Охрид за да извадат бакар, побаран притвор за три лица


bukovo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.
„Тројцата соизвршители, на 17 септември дошле со товарно возило полно со отпад кај депонијата ’Буково’. Започнале да ги горат гумените отпадни кабли со цел да ги издвојат од нив бакарните жици. Од согорувањето се создал чад и биле испуштени штетни материи во воздухот“, соопшти Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, пред се имајќи ја предвид опасноста од бегство и можноста да влијаат врз сведоци во постапката.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK