Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри, велат од ВМРО-ДПМНЕ


vmro-275267-313588.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДСМ дека користи вештачка интелигенција за подготовка на партиските соопштенија, а во исто време е против изградба на дата-центри.


„Талогот полека пресушува, па влегува во сопствени парадокси. Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис. Е, тоа е парадоксот и лицемерието на Венко, Зоран Заев и неговата дружина. Оваа партија стана приватен клуб на Зоран Заев и неговите полтрони како Венко Филипче. Но, додека Венко е на чело на СДС, ова СДС нема никакви шанси да порасне и да зајакне“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK