Вчера во 14:15 часот на улица „Мислешески пат“ во Струга, во координирана акција на полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид и ОВР Струга од слобода е лишен 44-годишниот Д.Н. од Охрид.
Тој, откако ги забележал полициските службеници во такси возило со кое се превезувал се обидел да проголта, а потоа и да уништи две пакувања со бела прашкаста материја, но бил спречен и пакувањата му се одземени.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.