Само една едноставна споредба која целосно ја разоткрива разликата меѓу домаќинско и криминално управување со народните пари. Во 2018 година, по повод поканата за членство во НАТО, Владата предводена од СДСМ организираше прослава во 15 градови низ целата држава.Целата прослава чинеше 244 илјади евра, платени од буџетот, истакна Маја Серафимовска -Борозан од СДСМ.
Сè беше, додава таа, јавно и транспарентно објавено.
Јавноста, како што наведува, беше информирана колку чини прославата и за што се трошат парите.
„Така е домаќински и правилно.
Сега со Мицкоски и ВМРО 5,5 милиони евра се потрошени.
Дваесет и три пати повеќе пари!
Пари од Државната лотарија, од нераспределената добивка која требало како дивиденда да заврши во државниот буџет.
Затоа, лагата дека ова не се буџетски или народни пари не поминува. Тоа се пари на граѓаните. И мора да има одговори каде се потрошени и да има одговорност.
Мицкоски прво излажа дека прославата ќе чини „нула денари“. Потоа се обиде да ја сокрие сметката, докуметните, анексите, договорите, фактурите.
Наместо отчетност и транспарентност, криење, молк за провизиите и за тоа во чии џебови завршија 5,53 милиони евра“.
Мицкоски, како што вели, организираше една вечер за 5,53 милиони евра – скриено, нетранспарентно и преку сомнителна шема со Државната лотарија.
Тоа е, оценува таа, разликата кога државата организира домаќински и кога организира банда.
Нагласува дека овде мора да постапи Јавното обвинителство.
„Обвинителот Ненад Савески треба веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација и да ја следи трагата на парите.
Не мора само Мицкоски да го повикува на телефон за да постапува, не мора да чека да седне до него.
Одговорност мора да има“.