Пицеријата „Napoli on the Road“ од Лондон, основана од готвачот Микеле Паскарела, го освои првото место на изборот „50 Top Pizza World Awards 2026“, оставајќи зад себе стотици конкуренти од целиот свет.
Победникот беше прогласен во Неапол, родниот град на пицата. Паскарела го започнал бизнисот во 2016 година со трицикл „Piaggio Ape“, во кој поставил печка на дрва и продавал пици на улиците и пазарите во Лондон.
Десет години подоцна, „Napoli on the Road“ прерасна во синџир ресторани.
„Во шок сум. Ова е како Оскар, но за пица“, изјави Паскарела по прогласувањето на победникот.
По две последователни години на врвот, њујоршката „Una Pizza Napoletana“ годинава заврши на второто место, додека третото место го освои „Confine“ од Милано.
Резултатите се засноваат на оценките на речиси 1.000 анонимни инспектори. Секој ресторан бил посетен двапати, а биле оценувани квалитетот на пицата и состојките, услугата и гостопримството.