Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Полска мора да биде подготвена за различни безбедносни сценарија, оценувајќи дека Русија веќе води хибридна војна против неговата земја.
„Полска и полскиот народ во никој случај не можат да си дозволат наивност. Мора да ги темелиме нашите постапки на факти, а тие факти се недвосмислени“, изјави Туск на прес-конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.
Тој рече дека заканата од руски провокации е реална и дека Варшава веќе не разговара за тоа дали Москва планира нешто, туку како земјата да се подготви за можните сценарија.