„Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати. Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура“, велат од ЗНАМ.
„Парите кои би се собрале од комуналиите за градење нема да бидат доволни да се спроведат наведените градежни зафати, или народски кажано:
‘Ќар до колена, зијан до гуша’. Оваков пристап не само што не е домаќински за општинската каса, туку сите центaрци ќе треба да ја плаќаат преку буџетот на општината за да се задоволат апетитите на неколкумина.
Ова е една од причините зошто советниците на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Општина Центар се противат на предлог ДУП-от за Барутана“, се додава во соопштението на ЗНАМ.