Казни до 1.800 евра за градилишта што го нарушуваат комуналниот ред и узурпираат јавни површини во општина Центар


gradilista-centar-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа.


Казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.

„Нашите инспектори се на терен и будно ја следат состојбата на активните градилишта. Контролите продолжуваат, а особено внимание посветуваме одржувањето на чистотата и непреченото користење на јавниот простор. Секој што нема да ги почитува прописите ќе биде соодветно санкциониран“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Од Општина Центар апелираат до инвеститорите и градежните компании да не оги узупираат а јавните површини, да ги почитуваат законските обврски и да се грижат за безбедното движење на граѓаните.

Инспекциските контроли продолжуваат со засилен интензитет, додаваат од Општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK