Одбојкарската репрезентација на Македонија со победа го заврши настапот на Европското првенство. Во последното коло, Македонија ја забележа првата победа на Еуроволеј 2026. Во Софија, Македонија го победи Израел со 3:0 (25:21, 25:23, 25:22).
Македонија, настапот на Европското првенство го заврши на претпоследното место во Б групата, пред Израел, зад Португалија, Бугарија, Украина и Полска.
Во арената „8888“, Македонија ја одбрани честа, го одигра најдобриот меч на првенството и му го препушти „фенерот“ во групата на Израел.
Капитенот Никола Ѓоргиев освои 20 поени, а Стојан Илиев 14, тие беа најдобри во тимот на селекторот Јошко Миленковски.
Foto/ facebook.com/volleyballmkd