Фон дер Лајен по новите инциденти: Русија ја тестира подготвеноста и решителноста на Европа


14293578.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европа повторно се соочи со „непромислено и опасно руско однесување“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, осврнувајќи се на испукувањето сигнални ракети од руска фрегата кон дански хеликоптер и соборувањето на дрон над Литванија. Таа ја сподели својата реакција на социјалната мрежа „Икс“, пренесе „Украинска правда“.


„Руски воен брод испука сигнални ракети опасно блиску до дански хеликоптер, а дрон навлезе во литванскиот воздушен простор пред да биде соборен од ловци на НАТО. Ова не се изолирани инциденти, туку дел од поширок образец на руска агресија и провокации против Европа, со кои се тестираат нашата подготвеност и решителност“, напиша Фон дер Лајен во својата објава.

„Нашата решителност само зајакнува“
Претседателката на Комисијата изјави дека Русија ќе види како решителноста на Европа само се зајакнува како одговор на ваквите постапки.

„Заедно со НАТО, ја зајакнуваме нашата колективна одвраќачка моќ и одбрана. Истовремено, го зголемуваме притисокот врз Русија“, додаде таа.

Два инцидента за два дена
Борбени авиони од мисијата на НАТО за воздушен надзор денес за првпат соборија неидентификуван дрон над Литванија. Еден ден претходно, Данска го повика рускиот амбасадор на разговор откако руска фрегата испука две сигнални ракети кон дански хеликоптер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK