Роналдо го купува Ал Наср


depositphotos_200671948_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Конзорциум од инвеститори, во кој се вклучени Кристијано Роналдо и Гери Кардинале, сопственикот на Милан, подготвува понуда за купување на саудискиот клуб Ал Наср од тамошниот Јавен инвестициски фонд (PIF). Заедно со Роналд и Кардинале, кој го предводи „RedBird Capital Partners“, во групата се и претприемачите Ибрахим Ал-Мухаидиб, Мохамед Ал-Кураиџи и Шараф Ал-Харири.


Веста прв ја објави спортскиот аналитичар „Наваф_СТАТС“, а ја потврдија и италијанските медиуми, пишува португалскиот „А Бола“.

Според планот, секој од петте членови на конзорциумот ќе инвестира најмалку 100 милиони долари, што е приближно 92 милиони евра. Таквата инвестиција би обезбедила значаен капитал за структурата и работењето на клубот од Ријад. Со реализација на оваа работа, Кристијано Роналдо повеќе нема да биде само прва ѕвезда на тимот, туку и ко-сопственик на клубот за кој игра.

Ова би претставувало уникатен аранжман во кој активниот играч станува и акционер на институцијата. Ал Наср нормално му плаќа на Роналдо 200 милиони долари годишно.

Преговорите влегуваат во последна фаза. Претставници на „RedBird Capital“ и други инвеститори треба да се сретнат со раководството на „PIF“ во следните 48 часа. На тој состанок ќе се одлучи дали саудискиот суверен фонд за богатство ќе ја прифати понудата и ќе ја отстапи контролата врз Ал Наср, или преговорите ќе бидат прекинати. Исходот би можел да има значително влијание врз глобалниот фудбалски пазар.

Роналдо (41) е во Ал Наср од почетокот на 2023 година. Оттогаш, постигнал 126 гола и асистирал за 24 гола во 148 натпревари.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK