„Вреди“: Се решава проблемот со просторните капацитети на УМТ, новиот кампус од 42 милиони евра носи трајно решение


9c2cdb50-6342-4e9c-8bae-6452a853cb44.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преземени се конкретни чекори за решавање на потребата од дополнителни просторни капацитети на Универзитетот „Мајка Тереза“, во услови кога бројот на студенти на универзитетот е во пораст, велат од „Вреди“.


Во рамки на овие активности, како што информираат од партијата, првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, заедно со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, проф. д-р Беким Фетаји, ја разгледаа можноста за користење на просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија за потребите на универзитетот. Со ова, додаваат од таму, привремено решение ќе се овозможи непречено одвивање на наставниот процес до завршувањето на новиот универзитетски кампус.

Сепак, како што оценуваат, ова е само преодно решение. „Трајното решение е новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“, инвестиција вредна околу 42 милиони евра, за чија изградба веќе е поставен камен-темелник.

Новиот кампус ќе му обезбеди на Универзитетот „Мајка Тереза“ современи простории и соодветни капацитети за студентите и академскиот кадар, како и за наставата и научноистражувачката работа.

„Вреди“ го гледа зголемувањето на бројот на студенти како можност за понатамошен развој на Универзитетот „Мајка Тереза“, а не како пречка. Потребните просторни капацитети се обезбедуваат сега, додека кампусот од 42 милиони евра ќе го реши ова прашање на долг рок“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK