Лидс го збриша Њукасл


depositphotos_840954468_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Лидс го победија Њукасл со 4:1, во последниот натпревар од четвртото коло, во Премиер лигата.


Домашниот тим поведе во 32-та минута со несреќниот автогол на Луис Мајли, кој ја одби топката во сопствената мрежа.

Само две минути подоцна, Лидс го дуплираше водството, Џејден Богл реагираше паметно и ја испрати топката во мрежата со глава.

Њукасл се обиде да се врати во натпреварот, но Лидс ја презеде целосната контрола до крајот на првото полувреме.

Во 38-та минута, Доминик Калверт-Луин имаше шанса, но голманот на гостите интервенираше, но истиот играч сепак постигна гол во судиското продолжение на првото полувреме.

Калверт-Луин ја прими топката во шеснаесетникот и рутински реализираше за 3:0.

Продолжението донесе уште еден гол за домаќините, во 59-та минута, Ноа Окафор ја со спектакуларен удар го постигна четвртиот гол за Лидс.

Њукасл имаше неколку шанси да го намали дефицитот, а Џо Вилок ја погоди пречката во 72-та минута. Сепак, гостите не успеаја сериозно да ја загрозат предноста на Лидс.

Њукасл постигна почесен гол во 90-та минута. Базумана Туре успеа да ја турне топката во мрежата за конечни 4:1.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK