(Видео) Интер имаше 0:2, па го победи Удинезе со 5:3


14291647.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Интер го победија Удинезе со 5:3 по пресврт, во последниот натпревар од четвртоот коло од Серија А.


Удинезе го отвори натпреварот брилијантно и поведе во деветтата минута. По центаршутот, Џејмс Абанква беше највисок во скокот и со глава ја испрати топката во десниот агол.

Интер се обиде да одговори, но Мадука Окоје двапати ги одбрани ударите на Маркус Тирам.

Удинезе ја дуплираше својата предност во 16. минута, откако Јирген Екеланкамп ја прими топката во шеснаесетникот и рутински ја испрати во долниот лев агол за 2:0.

Домашните се вратија во игра во 26. минута кога Карлос Аугусто шутираше од далечина и погоди, а само девет минути подоцна следеше израмнување – Николо Барела излезе сам пред Окоје погоди за 2:2.

Интер можеше да го сврти резултатот пред паузата, но Окоје фантастично го сопре Барела во 41. минута.

Сепак, голманот на Удинезе не можеше да го спречи налетот на Интер во второто полувреме.

Во 57-та минута, Маркус Тирам постигна прекрасен гол за 3:2, а во 67-та минута, Франческо Пио Еспозито го постигна четвртиот гол.

Удинезе се обиде да се врати во натпреварот, но Интер во 79-та минута практично го реши прашањето за победникот.

Анже-Жоан Бони прво пропушти одлична можност кога Окоје го одбрани неговиот удар од непосредна близина, но неколку секунди подоцна ја собра одбиената топка и ја затресе мрежата за 5:2.

Гостите успеаја да го ублажат поразот во самиот финиш. Во 90-та минута, Идриса Геј ја искористи асистенцијата на Вакун Исуф Бајо и го погоди долниот десен агол за конечни 5:3.

Актуелниот првак има совршен скор по првите четири рунди и со Рома го дели првото место на табелата.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK