И ОУ „Гоце Делчев“ доби нови модерни спортски училишни терени. Летово со забрзана динамика се работеше и во ова училиште.
Изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка.
Игралиштата се оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема.
Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари.
Се работи за средства од вториот владин повик преку министерството за образование и наука.
И нашата и определбата на Владата е создавање модерни услови за спорт и рекреација во нашето образование.
The post МОДЕРНИ СПОРТСКИ ТЕРЕНИ И ВО ОУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ appeared first on Општина Битола.