Обамејанг влезе во историјата на Ла Лига


depositphotos_716955498_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот фудбалер од Габон, 37-годишниот Пјер-Емерик Обамејанг, пишува нови страници во историјата на Депортиво Ла Коруња и шпанската Ла Лига.


Во ремито против Хетафе, Обамејанг успеа да го постигне својот петти гол во исто толку натпревари во шпанското првенство. Габонецот постигна гол на секој натпревар од самиот почеток и таква серија не е видена во Шпанија од 2009 година кога Златан Ибрахимовиќ го носеше дресот на Барселона. Т

Исто така, Обамејанг е 11-тиот играч во историјата на натпреварувањето кој успеал да постигне голови на сите пет натпревари на почетокот од првенството. Пред него, Виланова, Пруден, Кампанал, Пахињо (2), Пушкаш, Аманси, Кини и Пандијани успеаја да го направат тоа.

Интересно е што ваков подвиг во кариерите немаат ниту Меси ниту Кристијано Роналдо Меси.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK