ВМРО-ДПМНЕ: Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Последните одлуки на правосудните органи се јасен доказ дека политичките инсталации во правосудството на СДС и ДУИ се уште работат. Судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица, од Заев и Ахмети се уште работат во интерес на оние кои ги поставиле и ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Во случајот „Ласкарци“ загинаа 16 граѓани. Во трагедијата со модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.

Десетици семејства останаа без своите најблиски. А граѓаните денес гледаат правосуден систем од кој очекуваат одговорност, но наместо тоа добиваат одлуки што дополнително ја рушат довербата во институциите.

Врховниот суд преводен од Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, ја укинаа пресудата за случајот Ласкарци во кој загинаа 16 граѓани и ги ослободи виновниците.

Врховниот суд исто така на слобода го пушти и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

На Македонија не и треба судство кое ќе ги штити СДС и ДуИ. Владеење на правото и правдата во Македонија мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK