„Шефот на ВМРО-ОКГ повторно ја вклучи пумпата. Дејвид Гета објави: 50.000 фанови на шоуто во Скопје. Арамијата Мицкоски го зеде тоа и го надува на „над 200.000 граѓани“. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста“, велат од СДСМ.
„Рече: прославата чинела нула денари од пари на граѓаните. Нула. А сметката е 5,53 милиони евра. Не од магија. Од Државна лотарија.
Лотаријата е во државна сопственост. Значи на граѓаните. Добивката од Лотаријата треба да влезе во буџет. Буџетот се народни пари. Значи на граѓаните.
Крај на бајката. „Нула денари“ е лага. „Пари од компании“ е лага. „Општествено одговорна фирма“ е маска.
Ги земаа парите што требаше да одат кај граѓаните и ги фрлија на бина, диџеј, Бобан Авалон и, секако, провизии.
Значи, граѓаните платија. И тоа – многу платија. Сега најавува вакви настани секоја година. Значи: секоја година истата каса, истата провизија, истата лага, истото надувување на цени и публика.
Кај Мицкоски сè е лага. Сè е напумпано. Пензиите – 16 пати. Економијата – трета во Европа. Туризмот – први. Авиосообраќајот – лидери. Платите – најбрз раст. Концертот – 200.000 славиле. Сметката – нула.
Ништо од тоа не стои. Стои само методот. Земи бројка. Помножи ја со четири. Излези пред камера. Обвини ја опозицијата дека е „естрада“. И барај аплауз за украдената каса.
Гета напиша 50.000 а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија.
Разликата не е во публиката. Разликата е на провизија, надуена исто како и публиката. Разликата е систем: арамијата не знае да зборува ако не надува. И не знае да работи без кражба и провизија.
До кога, арамијо? Ова не е прослава на независноста туку на провизиите на една банда и на арамија. Гета си замина со својата цифра. Граѓаните останаа со нова сметка. И со шеф на банда, арамија кој чим ќе ја отвори устата – лаже“, соопшти СДСМ.