Александар Зверев е шампион на Отвореното првенство на САД. Германецот го победи домашниот фаворит, Бен Шелтон со 6:3, 7:6 (7:2), 5:7, 6:2 во финалето и ја заокружи годината од соништата, откако претходно го освои Ролан Гарос, играше финале на Вимблдон и полуфинале во Австралија.
Вториот рекет на светот ја оправда улогата на фаворит. Во првиот и четвртиот сет доминираше, во вториот беше одличен во тај-брејкот и сосема заслужено го крена пехарот за прв пат во Њујорк, каде што го загуби финалето во 2020 година.
Почна очајно во Големото Јаболко, одигра пет сета во првите два натпревари и помина речиси десет часа на теренот. Сепак, сè се сврте од третото коло и до крајот на турнирот само Шелтон му зеде сет во финалето.
Шелтон нема многу за што да жали. Го одигра своето прво финале на Гренд слем турнир, а против Зверев и немаш многу шанси. Како да беше премногу импресиониран од големата сцена.
Првиот сет беше решен практично на самиот почеток, бидејќи Германецот направи брејк, во првиот гем и лесно ја задржа предноста, се до моментот кога уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот за 1:0.
Шелтон се стабилизираше во вториот сет. Немаше брејк, потоачно серверите беа сигурни, имаше само една брејк топка.
Во тај прејкот, Зверев експресно дојде до 5:0 и потоа лесно го заврши сетот за водство од 2:0.
Надежта на домашната публика на „Артур Еш“ се разбуди во третиот сет. Зврев реши да игра на сигурно, Шелтон беше подобар играч. Тој пропушти брејк топка во осмиот гем. Доби уште една шанса во 12-тиот кога успеа да ја искористи втората сето топка.
Ентузијазмот на Шелтон и на публиката, веднаш го уништи Зверев, со брејк во првиот гем. Шелтон ен успеа да се опорави, а Зврев со уште еден брејк во седмиот гем ја заврши работата.
Foto/ EPA