Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА


GRB-3.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА

Општина Битола ја почитува улогата на медиумите и правото на јавноста да
биде информирана.


Истовремено, точната и одговорна комуникација
подразбира разграничување меѓу новинарски прашања, барања за пристап до
информации од јавен карактер и барања за повторно систематизирање обемна
документација што веќе е јавно објавена или претходно доставена.

Доставениот допис содржи 82 прашања, вклучувајќи и бонус прашања, од кои
голем дел меѓусебно се повторуваат или се однесуваат на податоци
содржани во:

·         Електронскиот систем за јавни набавки;

·         буџетот и програмите на Општина Битола;

·         службените гласници и одлуките на Советот;

·         официјалната веб – страница на Општината;

·         објавите за текот на проектите;

·         одговорите што веќе биле доставени по барања за слободен пристап до
информации од јавен карактер од медиумот.

Поради рационално користење на административните капацитети, но и за да
се избегне можноста исти податоци да се прикажуваат надвор од нивниот
документарен и временски контекст, упатуваме на официјалните извори како
единствени релевантни извори за договорите, економските оператори,
вредностите, роковите и евентуалните измени на договорите, согласно
правилата за истражувачко новинарство и обврските за проактивна
транспарентност на општината, како и важечките закони според кои работи
локалната самоуправа.

Прашањата што се однесуваат на повеќе различни проекти, програми,
установи и правни субјекти не можат секогаш да се сведат на едноставен
одговор „да” или „не”. Секој проект има различен извор на финансирање,
инвеститор, фаза на реализација, договорна рамка и надлежност.
Изедначувањето на проценета вредност, договорна вредност, реализирана
исплата и вкупна вредност на повеќегодишен проект може да доведе до
неточни заклучоци.

Општина Битола продолжува со најголемиот инвестициски циклус во поновата
историја на градот: патна и комунална инфраструктура, училишта и
градинки, спортски и културни објекти, противпожарна заштита, социјални
услуги, младински политики и механизми за интегритет. Токму бројноста на
проектите, постапките и локациите за кои се поставени прашањата ја
потврдува динамиката и широкиот опфат на работата.

Сите дополнителни информации што претставуваат информации од јавен
карактер може да се побараат во постапка и форма утврдени со закон.
Општината ќе продолжи транспарентно да известува, но административните
ресурси мора да останат првенствено насочени кон реализацијата на
проектите и непреченото обезбедување услуги за граѓаните.

Тематски одговори

1. Проектите од владините повици – прашања 1 – 4

Листата на одобрени проекти, нивната вредност и статусот на постапките
се содржани во официјалната документација и во објавите на Општина
Битола, неколкупати досега комуницирани со медиумите.

Податоците за
започнатите постапки, избраните оператори и склучените договори се
достапни и преку ЕСЈН.

Не сите одобрени проекти се наоѓаат во иста фаза. На фазата на
одобрување на проектите претходеше изготвување на проектна
документација, а реализацијата на проектите вклучува покрај техничка
документација, обезбедување услови, јавна набавка, избор на изведувач и
воведување во работа.

Општината редовно информира за секој проект
согласно неговата реална фаза, а не врз основа на претпоставени рокови.

https://www.facebook.com/share/v/1CRztCWynd/

2. Патна и комунална инфраструктура – прашања 5 – 11

Наведените километри претставуваат збир на интервенциите реализирани на
повеќе улици и локални патишта во урбаниот и руралниот дел. Деталните
податоци се содржани во програмите, договорите, градежната документација
и извештаите на општината.

Формулацијата дека нешто е „обновено и новоизградено” не значи дека сите
зафати се од ист вид или дека се реализирани преку еден договор. За
секоја постапка релевантни се официјалниот договор, фактичката
реализација на терен и извршениот надзор.

Линк од активности:

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-улицата-козара/

СЕ АСФАЛТИРААТ УШТЕ ДВЕ УЛИЦИ КАЈ ЗДРАВСТВEНИОТ ДОМ

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „ЛЕРИНСКА“

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЧНАТА МРЕЖА ВО КАРАМАНИ

И ДЕНЕСКА СЕ АСФАЛТИРА, СЕГА ПАТОТ ДО ЦРКВАТА ВО РОТИНО

СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ „СВ. МЕРКУРИЈ“ ВО СЕЛО БАРЕШАНИ

СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИ ВО БРАТИНДОЛ

https://www.bitola.gov.mk/се-асфалтира-новата-улица-сру-5/

3. Спортски терени и сали – прашања 12 – 14

Инвестициите во училишната спортска инфраструктура се директно вложување
во условите за учениците, здравиот развој на младите и користењето на
објектите од локалната заедница. За тоа веќе ја информиравме јавноста
преку следната објава https://www.facebook.com/share/p/1KpWz96ew9/.

4. Паркинг – места – прашање 15

Бројот ги опфаќа паркинг – местата обезбедени преку повеќе
инфраструктурни интервенции. Режимот на користење се утврдува преку
соодветни одлуки, сообраќајни решенија и надлежностите на општинските
органи и претпријатија. За секоја локација јавноста е навремено
информирана.
Линк од активности:

https://www.bitola.gov.mk/novi-parking-mesta/
https://www.bitola.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d1%86%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d0%b0/
https://www.bitola.gov.mk/%d0%bd%d0%be%d0%b2-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%81%d1%82%d0%be%d1%80-%d0%b2%d0%be-%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d0%b0/

5. Градинки – прашања 16 – 23

Во прашањата неправилно се изедначуваат моментално згрижени деца во еден
адаптиран објект со вкупниот нов капацитет што се обезбедува преку
повеќе објекти и проекти. Бројката од 475 места не се однесува исклучиво
на „Пчеличка”, туку на збирниот капацитет создаден и предвиден преку
повеќе инвестиции.

„Пчеличка”, градинката во Нова Битола и објектот во комплексот АРМ се
различни проекти, со различен капацитет и фаза на реализација.
Официјален датум за отворање може одговорно да се соопшти по
завршувањето на сите градежни, технички, административни и постапки за
обезбедување на соодветни лиценци и дозволи. Секој друг датум би бил
процена, а не правно обврзувачки факт.

https://www.facebook.com/share/v/1D4TxrfmCg/

6. Училиштето во Буковски Ливади – прашања 24 – 26

Изградбата на училиштето претставува долгорочно вложување во рамномерен
развој и подобри услови за учениците. Вредноста на градежниот договор и
опремувањето се различни категории и зависат од предметот и опфатот на
конкретната набавка. Учениците ќе го користат објектот по завршувањето
на работите и исполнувањето на сите законски и безбедносни услови.

За досегашните активности информиравме низ повеќе објави, меѓу кои и следната
https://www.facebook.com/share/p/1cTwe5gyx2/.

7. Поранешната боксерска сала – прашања 27 – 30
https://www.facebook.com/share/p/1V8u5dgfFV/

Споредувањето на вредноста на спортски објект со вредноста на училиште,
само врз основа на два збирни износа е методолошки погрешно.

Објектите имаат различна површина, конструктивна состојба, технички барања, опфат,
извори на финансирање и намена.

Инвестирањето во спортската сала не е на сметка на образованието.
Општината паралелно инвестира во училишта, градинки, спорт, култура и
комунална инфраструктура.

8. Ќумурното игралиште и новиот терен – прашања 31 – 35

Соработката со ФФМ и реализацијата на општинскиот спортски терен се две
поврзани, но правно и финансиски различни активности. Обврските на
страните се утврдуваат исклучиво преку официјалните акти и договори. За
јавни набавки, изведувачи и рокови може да се информира кога постапките
се формално завршени, без прејудицирање на нивниот исход.

 

 

9. Велосипедски патеки – прашања 36 – 39

„Подготовки” значи спроведување на неопходните плански, проектни,
сообраќајни и административни активности што и претходат на изградбата
на велопатеките. Техничкото решение мора да биде усогласено со
просторните услови, безбедноста и одобрениот проект. Пред завршување на
документацијата и постапките не е одговорно однапред да се соопштува
изведувач или конечен рок.

10. Кино „Партизан” – прашања 40 – 45

Киното „Партизан” е капитална инвестиција преку која запуштен објект
добива современа културна и јавна функција. „Самоодржливост” значи
воспоставување модел со кој објектот ќе создава содржини и приходи за
покривање дел од оперативните трошоци, без тоа однапред да значи
приватизација или давање на просторот на приватни субјекти.

Начинот на управување, програмата и условите за користење ќе бидат
утврдени преку законски одлуки. Договорната вредност, опфатот и
опремувањето се утврдуваат според техничката документација и набавките и
не соодветствуваат на изнесените претпоставки содржани во прашањата. За
потсетување на деталите за овој објект ви го испраќаме следниот линк
https://www.facebook.com/share/p/1EoMaLSVrG/.

11. Култура и посетеност – прашања 46 – 50 и 78 – 82

Процената на посетеноста кај манифестации на отворено не може да се
заснова само на продадени билети, бидејќи голем дел од програмата е
бесплатна. Таа се утврдува преку податоци од организаторите, капацитетот
и исполнетоста на просторот, бројот на програмски содржини и други
достапни показатели.

Средствата од Програмата за култура се распределуваат согласно усвоените
програми, одлуките и постапките. Во врска со споредбата на целата
културна програма со вредноста на повеќегодишни капитални спортски
објекти, Ве информираме дека едното претставува годишна програмска
потрошувачка, а другото создавање долгорочен јавен имот, а инвестициите
се реализираат според констатираните потреби, врз основа на барања од
граѓани, донесени одлуки на Советот и усвоени програми.

Договорите и финансиските податоци се објавуваат или се достапни
согласно прописите, со почитување на ограничувањата поврзани со лични
податоци, авторски права и заштитени договорни информации. За
реализацијата на секоја Програма, најдоцна до април следната година се
доставува до Советот комплетен извештај за реализација.

12. Интегритет и антикорупција – прашање 51

Во изминатиот период Општина Битола презеде конкретни активности:

–          дополнета е секцијата „Интегритет и антикорупција” на официјалната веб – страница;

–          јавно се достапни политиката и релевантните интерни документи;

–          вработените се запознаени со Политиката за интегритет и можностите за
е-учење;

–          спроведен е прашалник меѓу вработените за нивната информираност и
потребите од дополнителна обука;

–          подготвена е интерна процедура за интегритет;

–          реализирана е координација со ДКСК и ОБСЕ;

–          поднесена е проектна документација за реализација на проектни активности
кои вклучуваат интегритет и антикорупција.

Ова се мерливи институционални чекори, а не декларативна употреба на
поимите интегритет и транспарентност.

https://www.bitola.gov.mk/општина-битола-со-значителен-напредо/

13. Млади, НВО и претприемништво – прашања 52 – 55

Поддршката се реализира согласно општинските програми, јавните повици,
одлуките и утврдените критериуми. Партнерството не се сведува исклучиво
на исплата на средства; тоа опфаќа консултации, учество во креирање
политики, заеднички активности и институционална поддршка.

Граѓанското учество се обезбедува преку јавни повици, јавни расправи,
средби, анкети, секторски консултации и учество на засегнатите страни.
Приоритетите на буџетот се утврдуваат преку буџетски форуми
https://www.facebook.com/share/p/1BDVhmTQ26/,
https://www.bitola.gov.mk/одржан-првиот-буџетски-форум-граѓани/, низ
законска постапка и се усвојуваат од Советот на Општината.

14. Социјална заштита – прашања 56 – 61

Пресметката дека социјалната заштита претставува само 0,47% од вкупниот
буџет создава погрешна слика, бидејќи вкупниот буџет содржи
блок – дотации, наменски средства, капитални проекти и расходи што не се
слободно пренаменливи. Дополнително, поддршката на ранливите категории
не се исцрпува во една буџетска програма.

Средствата за ретки болести, адаптација на домови и стручни третмани се
конкретна локална поддршка што ги дополнува државните системи на
здравствена и социјална заштита. Бројот на корисници зависи од
исполнувањето на условите и поднесените барања, а изборот и исплатите се
вршат согласно важечките правила и критериуми.

Квалификувањето на 500.000 денари како „симболична сума” е
неаргументирана констатација. За семејството кое ќе добие пристапен дом,
поддршката има конкретно и суштинско значење.

КОНСТИТУИРАН ОПШТИНСКИОТ СОВЕТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

ЕДУКАТИВЕН НАСТАН НА СОВЕТОТ ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на парична помош за рехабилитациски третмани на деца со попреченост

Јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани

https://www.bitola.gov.mk/mobilnost-funkcionalnost/

15. Противпожарната зграда – прашања 62 – 67

Првата фаза не треба да се оценува изолирано од проектот, техничкиот
опфат и фазниот модел на финансирање. Фазната изградба е вообичаен
пристап кај капитални објекти и не значи дека средствата се потрошени
без резултат.

Поддршката од Министерството за одбрана на САД е потврда дека проектот
има пошироко значење за безбедноста и капацитетот за одговор при итни
ситуации. Постапките и роковите поврзани со грантот зависат и од
правилата и одобренијата на донаторот. Општината, како и досега ќе
информира врз основа на официјално потврдени фази, наместо да шпекулира
со датуми.

https://www.facebook.com/share/v/18MFUzifoy/

16. Стадионот „Петар Милошевски” – прашања 68 – 70

Пред да се говори за „уништување” и финансиска штета, потребна е стручна
процена на фактичката состојба. Правната или материјалната одговорност
не се утврдува преку медиумска квалификација, туку преку договорите,
записниците, стручните наоди и законската постапка.

Во изминатиот период на овие прашања одговоривме преку повеќе новинарски
прашања и барања за пристап до информации од јавен карактер достапни во секцијата Пристап до информаци од јавен карактер.

 

 

17. ФК „Пелистер” – прашања 71 – 77

 

Општината, како сопственик, има интерес работењето на клубот да биде
законито, отчетно и одржливо. Проверките секогаш се спроведуваат стручно
и без однапред да се прогласува вина, злоупотреба или „фиктивни
ангажмани”.

Во изминатиот период и на овие прашања одговоривме преку повеќе одговори
на новинарски прашања и барања за пристап до информации од јавен
карактер.

Општина Битола нема намера да скрие било каква информација, а има
обврска информациите да ги соопштува точно, законито и во нивниот
вистински контекст. Транспарентноста не значи администрацијата
неограничено да репродуцира веќе објавени документи во различни формати,
туку јавноста да има пристап до веродостојни, проверливи и официјални
податоци. Нашиот одговор на секоја критика ќе останат фактите,
реализираните инвестиции и резултатите видливи во градот и населените
места.

The post Одговор на 82 прашања од ТВ ТЕРА appeared first on Општина Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK