Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија


depositphotos_235056438_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт Клуб.


Според овој извор, договорот е постигнат, за што пристигнала потврда и од Холандија, што значи дека рекордерот по број на натпревари во репрезентацијата ќе биде на претстојниот список за четири натпревари во Лигата на нации.

„Како што неофицијално ни беше потврдено, сите формалности се завршени, пристигна конечен и потврден одговор од Душан Тадиќ. Официјалното соопштение се очекува за осум дена, кога селекторот Вељко Пауновиќ треба да го подготви списокот на играчи за натпреварите со Грција, Холандија и Германија“, пишува Спорт Клуб.

Во последните денови, свесен за сериозноста на моментот, првиот човек на спортскиот сектор на ФСС се впушти во сериозна дипломатска мисија во Холандија. Со јасна цел: да го убеди Душан Тадиќ да се врати во репрезентацијата.

Да потсетиме, Тадиќ не играше за Србија во последните две години.

Разделбата со селекторот Драган Стојковиќ, на ЕП во Германија, беше особено болна. Тадиќ во кариерата 111 пати го носел дресот на Србија.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK