Макрон го отвори самитот во Париз: Вселената станува област на борба за доминација


Depositphotos_647789992_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот претседател Емануел Макрон денес го отвори Меѓународниот самит за вселената во Париз, на кој присуствуваат претставници на Европската Унија и голем број државници, наведувајќи дека вселената е нешто од кое сите земји треба да имаат корист, но и дека е потребно да се постигнат договори за нејзино користење, кои треба да ја вклучат пошироката меѓународна заедница, а не да бидат одлучени само од неколку земји.


Макрон рече дека „вселенската транзиција е неверојатна“ и дека Франција може да се вклучи во „новата генерација на вселенска моќ“.

„Вселената е по дефиниција светски елемент, денес е насекаде околу нас, во нашите џебови, преку секојдневната навигација, присутна е во телекомуникациите, науката и климатските прашања“, рече Макрон.

Тој рече дека Европа мора да биде „дел од трката“ во користењето на вселената и дека очекува да започне да размислува за изградба на центри за податоци во вселената.

Макрон исто така рече дека, за жал, вселената денес е исто така област на потенцијална борба за доминација и дека министрите на околу триесет земји разговарале за соработка во таа област на маргините на самитот.

Според него, вселенските капацитети мора да се користат врз основа на прецизни договори, чиешто постигнување го најави во областа на вселенската безбедност, во координација со Обединетите нации.

Тој исто така нагласи дека е потребно да се постигнат договори за заштита на фреквенциите.

Собирот е можност да се отвори дијалог за безбедноста, одржливото управување, вселенската економија и научните истражувања, но и да се најдат одговори на предизвиците на нашето време за вселенскиот сектор.

Планирано е претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да се обрати на учесниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK