Пожар избувна на патнички ферибот крај западниот брег на Филипините во текот на ноќта, при што загинаа најмалку пет лица, а повеќе од десетина се водат како исчезнати.
Досега се спасени 43 лица, а операцијата за спасување продолжува, изјави портпаролката на крајбрежната стража.
Таа изјави дека на бродот имало 117 патници и 17 членови на екипажот.
Додаде дека причината за пожарот сè уште не е позната и дека се собираат информации.
Фериботот што отпловил од Манила бил на околу седум километри од селото Турда во близина на градот Корон кога повикал помош, но силните морски струи го однеле 14 километри од тоа место.
Морските несреќи на Филипините не се невообичаени поради бури, лошо одржување на бродовите, преоптоварување и недоследно спроведување на безбедносните прописи, особено во оддалечените провинции.