Белград во знакот на македонската ликовна уметност


brutalist3.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград.


Најпрво, со изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на големиот македонски уметник Родољуб Анастасов, со која во КИЦ Белград беше одбележана 35-годишнината од независноста на нашата држава.

На овој свечен настан, на кој пригодни обраќања имаа македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, директорот на КИЦ Белград Васко Шутаров и кустосот-советник Јасминка Намичева, присуствуваа бројни претставници на македонската заедница во Белград, претставници на дипломатскиот кор, но и поранешни студенти на проф. Анастасов кои специјално по овој повод допатуваа од Скопје, но и од Англија. Изложбата ќе биде поставена во нашиот КИЦ во Белград до 30 септември.

Вечер потоа, на 9 септември, во познатата белградска културна институција „Галерија 73“, пред бројна публика, беше отворена изложбата „Бруталист“ на проф. Благојче Наумоски-Бане и Петар Новковски.

Оваа интригантна и исклучително интересна ликовна концепција преку која комуницираат проф. Наумоски и неговиот студент Новковски, предизвика посебен интерес меѓу ликовните уметници од Белград, како и меѓу најмладата публика од средните уметнички училишта. Изложбата „Бруталист“, која заеднички ја отворија директорката на „Галерија 73“ Мирела Пудар и директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, ќе биде поставена до 15 септември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK