Експлозија во Швајцарија, две лица загинаа


Depositphotos_256384412_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица кои беа тешко повредени денес, по експлозија во хидроцентрала на југот на Швајцарија, им подлегнаа на повредите на лице место, според швајцарските медиуми.


Станува збор за 55-годишен швајцарски државјанин со живеалиште во областа Лугано, додека идентификацијата на неговиот колега сè уште е во тек.

Двајцата починаа на лице место како последица на тешките повреди.

Откако беше пријавен пожарот што избувна во самата зграда, припадници на кантоналната полиција и противпожарната служба веднаш излегоа на местото на несреќата за да го изгаснат пожарот и да го обезбедат местото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK