Карате клубот „Заншин До“ од Битола освои златен, сребрен и два бронзени медали на Државниот куп на Македонија за кадети, јуниори и У21, што се одржа на 5 и 6 септември во ООУ „Кочо Рацин“ во Петровец, Скопје.
Битолскиот клуб настапи со седум натпреварувачи во седум категории, а покрај освоените медали забележа и четири петти места.
Во категоријата ката тим мажи, кадети-јуниори, со златен медал се закитија Александар Божиновски, Михаил Марковски и Лазар Китани, додека женскиот ката тим во состав Надалина Талевска, Каја Темелковска и Илина Шобевска освои сребро. Во поединечна ката конкуренција кај јуниорите, Александар Божиновски и Михаил Марковски освоија бронзени медали.
Божиновски, Марковски и Китани како ката тим обезбедија пласман на Светското првенство во Полска, додека Талевска, Темелковска, Шобевска и Давид Стојчевски обезбедија пласман на Балканското првенство, кое ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2026 година.
Тренерката Стевка Јанковска Петковска изрази задоволство од постигнатите резултати и очекува успешни настапи и на претстојните меѓународни натпреварувања.
„Горда сум како тренер бидејќи секоја година успесите се поголеми. Оваа година очекувам висок пласман на Светското, како и медал од Балканското првенство“, изјави Јанковска Петковска.