ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“, информира МВР.
Според полицијата, на 17 август годинава, К.Р. во ОВР Струга пријавил дека во Струга бил грабнат од повеќе лица со закана со огнено оружје.
По преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека пријавеното кривично дело било лажно. Стружанецот бил повикан на службен разговор, при што признал дека лажно го пријавил грабнувањето.