НБА сака да ја преземе Евролигата


depositphotos_391654052_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата.


Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да биде тема на состанокот на сопствениците на клубовите на 5 октомври, објавува „Газета дело Спорт“.

Доколку не се постигне договор, Евролигата планира да се прошири на 24 тима и да додели до осум нови долгорочни франшизи од сезоната 2027/28.

Миланo ќе биде во центарот на европската кошарка, а Олимпија Милано ќе ја преземе организацијата на состанокот на сопствениците на најважните клубови од Евролигата, кој ќе се одржи на 5 октомври на брегот на езерото Комо.

Едно од најважните прашања за иднината на европската кошарка ќе биде тем, можна понуда од НБА за преземање на Евролигата, но и опција европските клубови да го спроведат својот план за проширување на натпреварувањето и преминување на систем на франшизи.

За разлика од одборот на акционери и другите структури кои се состануваат поредовно, сопствениците на клубовите од Евролигата се состануваат многу ретко, најчесто кога е потребно да се донесат одлуки што можат да ја променат долгорочната стратегија на европската кошарка.

Овој пат, ги очекува исклучително важен состанок. Сопствениците ќе разгледаат потенцијална понуда од НБА за купување на Евролигата, која би можела да биде доставена по состанокот на Одборот на гувернери на НБА во понеделник.

Друга можност е европските клубови да ја отфрлат идејата за продажба и да преминат на оперативната фаза на сопствениот план, кој веќе им беше презентиран на клубовите од извршниот директор на Евролигата, Чус Буено.

Тој проект вклучува проширување на лигата и преминување од сегашниот систем на модел базиран на франшиза.

Во исто време, Милано е во центарот на вниманието кога станува збор за организацијата на финалниот турнир. Новата „Унипол Доум Арена“ во областа Санта Џулија аплицираше за домаќин на Фајнал Фор на Евролигата во 2030 година.

Во игра е и Валенсија, која, според извештаите, веројатно ќе аплицира за организација на Фајнал Фор во 2028 година, додека датумите за 2027 и 2029 година се веќе дел од постоечкиот договор со Абу Даби.

Така, состанокот во Черноби (брегот на езерото Комо), освен одлуките за можна соработка со НБА лигата и идниот модел на натпреварувањето, ќе има дополнителна тежина поради сè посериозната трка за домаќин на следниот Фајнал Фор.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK