Куртоа повторно ја напушти Белгија


depositphotos_751259040_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тибо Куртоа (34) дефинитивно нема да игра за белгиската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации. Тој ја донесе одлуката откако разговараше со селекторот Марк ван Бомел, кој го информираше дека не може да му гарантира место во почетниот состав.


Куртоа, по разговорот со новиот селектор, одлучи да го прескокне репрезентативниот собир. Голманот во кариерата 115 пати го носел дресот на Белгија.

Куртоа го објави ова откако го спаси Реал со феноменални одбрани на почетокот од Лигата на шампионите и им донесе домашна победа (2:1) против Интер.

Според информациите, Ван Бомел ја објаснил својата визија за претстојните натпревари во разговор со голманот на Реал Мадрид. Тренерот сака да испроба други опции на голманската позиција и затоа не можел да му го вети на Куртоа статусот на прв голман. Оваа промена во пристапот директно влијаеше на одлуката на Куртоа.

„Разговарав со селекторот и тој беше многу јасен. Рече дека го почитува сè што сум направил за репрезентацијата досега, но дека во овој циклус сака да им даде шанса на другите. Потоа ја додаде клучната причина за својата одлука. Ми кажа директно дека не може да ми гарантира место во почетниот состав. Под такви околности, мислам дека е подобро да го прескокнам овој собир“, рече Куртоа.

Ова не е прв пат еден од најдобрите голмани на сите времиња привремено да ја напушти репрезентацијата.

Пред ЕП во 2024, тој објави дека нема да брани, откако тренерот во тоа време го информираше дека повеќе нема да биде капитен. Куртоа потоа објави по Европското првенство дека нема да брани за репрезентацијата додека селектор е Доменико Тедеско.

Седум месеци подоцна, во март 2025 година, Куртоа се врати во репрезентацијата, откако Тедеско доби отказ. Ова го разбесни Коен Кастелс, кој реши да го напушти националниот тим.

Отсуството на Тибо Куртоа отвора простор за други голмани во белгиската селекција, првенствено за Коен Кастелс и Матс Селс. Јавноста сега внимателно ќе го следи идниот статус на Куртоа во тимот и неговиот однос со тренерот Ван Бомел, како и дали ќе се врати за следните натпреварувања.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK