Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица


evgenija-stankoska-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Евгенија Станкоска е новиот раководител на Антифашистичкиот фронт на жените при Левица. Станкоска е дипломиран политиколог, советник во Советот на Град Скопје и член на Централниот комитет на Левица. Со своето досегашно политичко дејствување, таа е активно ангажирана во борбата за социјална правда, работнички права и еманципација на жените.


„Антифашистичкиот фронт на жените на Левица пропагира лев феминизам, поаѓајќи од ставот дека положбата на жената не може да се разгледува изолирано од економските и класните односи во општеството. За АФЖ, женската еманципација не се сведува на индивидуален успех, корпоративни кампањи за „женско лидерство“ или симболични заложби за родова еднаквост, туку претставува дел од пошироката борба против системите на експлоатација и угнетување.

Затоа, АФЖ ја разобличува патријархалната идеологија и морал, се бори против сите облици на дискриминација и се залага за политичко и економско јакнење на жените. Борбата за женско ослободување подразбира и борба против економската зависност, експлоатацијата на женскиот труд, неплатениот труд во домот и системот кој грижата за децата, старите и семејството ја третира како „природна“ обврска на жената“, велат од партијата Левица.

„Во периодот што следува, АФЖ ќе продолжи да ги отвора прашањата кои непосредно ги засегаат жените во Македонија, но и конкретно да делува за нивно решавање: фемицидите и родово базираното насилство, сексуалното насилство, недостигот од институционална грижа и заштита, положбата на жените на работното место, неисплатеното породилно отсуство и другите форми на економска и социјална несигурност. Преку конкретни иницијативи, политички притисок, институционално дејствување и организирање на жените, АФЖ ќе презема мерки за овие прашања да не останат само тема на јавна дебата, туку да бидат предмет на реална политичка борба.

Со преземањето на раководењето, Станкоска со АФЖ ќе продолжи да работи на јакнење на левиот феминистички фронт во Македонија и на организирање на жените околу нивните реални, материјални и политички интереси“, соопштија од партијата Левица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK