Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци.
Полицијата постапила по претходна пријава дека извесен период ја вознемирувал неговата 41-годишна поранешна сопруга, доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место и се обидувал да воспостави контакт со неа.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,81 промили алкохол во крвта. Л.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава