Килијан Ембапе зборуваше на прес-конференција пред првото коло од Лигата на шампионите каде што се среќаваат Реал и Интер.
Новинарите отворија многу теми, а една од нив беше колку тој и Винисиус и се посветени на дефанзивата..
„Само јас и Винисиус сме проблемот во одбраната? Мораме да се подобриме и тоа е природно за играчите. Секој е различен и мора да ги правиме работите паметно. Не ми се допаѓа споредбата меѓу него и мене. Тоа е бескрајна дебата. Сите мора да се подобриме во дефанзивниот аспект, и со и без топка. Ова е најголемиот клуб во светот и не можам да контролирам што се зборува. Имаме иста цел, а тоа е да освојуваме трофеи. Не можеме да ги контролираме мислењата на луѓето.“
Французинот беше прашан дали се смета себеси за најдобар играч во светот и дали мисли дека ја заслужува Златната топка.
„Секогаш се чувствувам како да сум најдобар на светот, но тоа е многу лично. Секој има свое мислење. Некои ќе мислат така, други не – тоа е дебата. Не мора секој да мисли како мене. Кога играте за Реал Мадрид, луѓето секогаш ве поврзуваат со Златната топка. Ова лето испишав историја, но ќе видиме. Новинарите ќе изберат.“
Луѓето секогаш го забележуваат фактот дека Пари Сен Жермен стана европски шампион двапати по ред по заминувањето на Ембапе.
„Не можам да влијаам на тоа. Не можам да генерализирам. Навистина не ме интересира. Не знам сè за фудбалот, но знам повеќе од многу луѓе. Приказните за мене многу се продаваат.“
За прв пат во својата кариера, Мбапе има можност да работи со Жозе Мурињо. Велат дека дошол да го врати натпреварувачкиот дух во Реал.
„Многу е тешко да се одговори на прашање што започнува со „се вели“. „Се вели“, за кого? Мурињо знае како да победува, ги инспирира луѓето околу него, целиот клуб, својот тим.“
Foto/ Depositphotos