МВР: Безбедноста на граѓаните е приоритет на одбележувањето на 35 години независност


mvr-avalon-pres-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска беше одржана заедничка прес конференција на Министерството за внатрешни работи и организаторот на централниот настан по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Република Северна Македонија.


На прес конференцијата беа презентирани мерките и активностите што се преземаат за безбедно и непречено одржување на настанот, кој се очекува да привлече голем број посетители.

Министерството за внатрешни работи и надлежните институции, во соработка со организаторот, преземаат соодветни мерки за безбедно одржување на настанот.

„Станува збор за настан од голем обем, со голем број посетители, при што безбедноста на граѓаните, непреченото одвивање на концертот и заштитата на јавниот ред и мир се наш приоритет.

Мерките се насочени кон превенција, навремено постапување и создавање услови посетителите безбедно и непречено да присуствуваат на настанот.

Во интерес на безбедноста, апелираме до сите посетители да ги почитуваат упатствата на полициските службеници, редарската служба и организаторот, да пристигнат навреме и да не носат предмети кои се забранети за внесување на вакви настани“, велат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK