Изминатиот викенд се возеа 9 и 10 тата трка од ФИМ Европскиот шампионат на кружни патеки а домаќин овој пат беше легендарната EWC патека Словакиаринг.
Нашиот Христијан Бузалковски успеа да оствари одличен резултат и да ги освои второто и третото место на трите трки во класата СуперСток 1000!
ХБ71: Одличен викенд за мене и мојот тим, уште од првиот слободен тренинг имав одличен филинг со моторот и со патеката. Успеавме да направиме супер време на квалификациите што не стави во вториот стартен ред со 0.1 од 3тото место.
На првата трка имавме одличен старт, но по третиот круг морав да го намалам темпото бидејќи во визирот ме удрија неколку големи инскти со што видливоста ми се намали за 50% ,сепак успеав да завршам на третата позиција.На спринтот успеавме да го задржиме третото место овој пат со подобро темпо, а на втората трка по голема борба стигнавме до втората позиција.
Огромна благодарност да сите мои спонзори, министерството за спорт, сите фанови и пријатели. Сега фокусот е на последната трка во А1 Бугарија 26-27 Септември каде што се бориме за вице-Шампионската титула во класата СТК1000 на Европскиот шампионат! Со Господ напред, изјави Бузалковски.
Овој викенд се возеа и трките од БМУ Европскиот шампионат каде што Бузалковски двапати беше на првата позиција.