Баерн по речиси две години не е лидер во Бундес лигата


screenshot-2026-09-07-112901.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По речиси две години, Баерн Минхен не лидер на табелата во Бундеслигата. Со нерешениот резултат 0:0 кај Шалке, беше прекината неверојатната серија на баварскиот гигант, кој заврши 67 првенствени кола по ред на врвот на табелата.


Баерн ја отвори новата сезона со убедлива победа од 5:1 против Штутгарт, но во второто коло не успеа да го совлада повратникот во Бундеслигата. Пред своите навивачи, Шалке издржа 90 минути без да прими гол, најмногу благодарение на голманот Лорис Кариус, кој беше прогласен за играч на натпреварот.

На Баерн му се случи нешто што не му се случило во првенството речиси две години. Во последните 67 кола, без оглед на резултатите, Баварците биле први на табелата.

Аугсбург се погрижи да ја прекине серијата. Тимот на Мануел Баум победи со 4:1 кај Ајнтрахт од Франкфурт во неделата и го зазеде првото место во Бундеслигата по две кола.

Нерешениот резултат во Гелзенкирхен стави крај на уште една одлична серија на Баерн. Актуелниот шампион на Германија не постигна гол за прв пат по 59 официјални натпревари.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK