ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.М. (39) од струшкото село Радолишта поради сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Според полицијата, пријавениот во лифт од зграда физички го нападнал Д.М. (40) од Струга, по што насилно му одзел пари и мобилен телефон.