Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите


Depositphotos_754202506_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на средба на лидерите на двете земји.


На заедничката прес-конференција со специјалните американски пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, Зеленски рече дека тие го продолжиле преговарачкиот процес со посетите на Русија, а потоа и на Украина, пренесува Униан.

Тој наведе дека на средбата со пратениците на американскиот претседател Доналд Трамп било разговарано за можностите за завршување на војната и за продолжување на преговорите со Русија.

„Мислам дека сите страни ќе направиме сè за да ги продолжиме овие преговори. Главното е што денес имаме можност да разговараме за сè, за безбедносните гаранции и навистина да зборуваме за иднината на Украина. Сите сакаме војната да заврши што е можно поскоро“, рече Зеленски.

Тој додаде дека со Виткоф и Кушнер разговарал и за „планот за просперитет на Украина“, нагласувајќи дека за земјата е важно не само да заврши војната, туку и да добие безбедносни и економски гаранции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK