АфД убедливо победи на изборите во Саксонија-Анхалт


germanija-izbori-14268384.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) победи на изборите во Саксонија-Анхалт, но засега не се знае дали ќе може самостојно да формира влада.


Тоа го покажуваат резултатите од излезните анкети по затворањето на избирачките места.

АфД освои 44,5 отсто од гласовите, конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц 18,5 отсто, додека социјалдемократите и Зелените го поминаа изборниот праг за влез во парламентот, покажа анкетата на телевизијата АРД, пренесе британската агенција Ројтерс.

Копретседателката на партијата Алис Вајдел го поздрави „историскиот“ резултат, кој, според неа, ѝ дал на АфД јасен мандат за владеење, но сè уште не се знае дали партијата ќе може да формира влада.

Доколку АфД не биде во можност самостојно да владее, тоа би можело да предизвика долготраен процес на формирање коалиција, бидејќи водечките партии во Германија се решени да го спречат доаѓањето на АфД на власт, партија која германската разузнавачка служба ја означи како партија што пропагира „десничарски екстремизам“.

Изборниот резултат претставува уште еден удар за канцеларот Мерц, чија популарност опадна, додека неговата коалициска влада се обидува да го оживее растот на најголемата европска економија.

Во фрагментираниот политички пејзаж, АфД сега е најпопуларната партија во Германија на национално ниво, иако другите партии ја исклучија можноста за формирање коалиција со неа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK