Седумдесетгодишен скопјанец пријавил во полиција дека бил измамен за 720.000 денари, oдносно околу 12.000 евра од лице кое му барало пари за наводно лекување на синот во странство и за регулирање долг за вода.
Како што информира МВР, случајот бил пријавен вчера во 18 часот во СВР Скопје.
Според пријавеното, во периодот од 18 јануари до крајот на февруари годинава, А.„Н“ побарал пари од 70-годишникот со образложение дека му биле потребни за лекување на неговиот син во странство. Потоа, според пријавата, од него зел и пари за наводно регулирање долг за вода.
Скопјанецот пријавил дека на овој начин бил измамен за вкупно 720.000 денари.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.