(Фото/Видео) Дијана OG со новата песна „Крив за сѐ“: Љубов, хаос и улична енергија во една опасна приказна


dijana-og-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дијана OG повторно влегува во игра со нов музички проект, овојпат со песната „Крив за сѐ”. Модерна, провокативна и урбана приказна за една љубов во која страста, хаосот и опасноста одат рака под рака каде Дијана OG ја раскажува приказната за тип кој не е „како сите“. Непредвидлив, див и привлечен токму поради својата непримерност, тој станува центар на внимание и причина за цел емоционален хаос.


„Маки ти си крив за сѐ“, гласи препознатливата линија од рефренот, која најдобро ја доловува динамиката меѓу двајцата — од една страна желбата да се побегне од проблемите, а од друга неможноста да се каже „не“ на она што повторно ги враќа еден кон друг. Песната носи силна улична естетика и директен текст, со комбинација на љубов, љубомора, зависност од адреналинот и онаа токсична привлечност од која, колку и да се обидуваш, тешко се бега.

Во вториот дел, атмосферата станува уште поинтензивна. „Ден за ден, главиме ептен“ ја отвора вратата кон однос кој одамна престанал да биде игра, додека метафорите за ножот, истрелот и фаталниот крај ја засилуваат криминално-романтичната атмосфера на песната.

Целата приказна добива и своја визуелна форма преку официјалниот видео запис, зад кој стои Горазд Нелоски, кој ги потпишува режијата, креативниот концепт, кинематографијата, светлото, монтажата, колор-корекцијата и cover artwork-от.

Со тоа „Крив за сѐ“ добива комплетен визуелен идентитет кој ја следи енергијата на песната — суров, модерен и урбан, со нагласена естетика која ја става Дијана OG во центарот на приказната. За својот изглед, Дијана OG сама го потпишува стајлингот.

Музиката и текстот се дело на Дијана OG, додека инструменталот е на Oшав Продукција. Аранжманот и снимањето ги потпишува Христијан Леви (Oscar Production), а аудио инженер е Бојан Мисајловски – Тец (The Most Wanted). Дијана OG е и извршен продуцент на проектот, со што уште еднаш го заокружува својот целосен авторски и креативен пристап кон музиката и визуелниот идентитет. Проектот е реализиран со поддршка од Nova Group.

„Крив за сѐ“ е песна за оние односи во кои никогаш не знаеш дали следниот момент ќе бидат бакнеж или експлозија. За љубовта што не се признава пред никого, за човекот кој „ти е крив за сѐ“, а сепак е токму оној што ти треба. Синглот е веќе достапен на сите дигитални платформи за слушање на музика, заштитен и дистрибуиран од издавачката куќа Mediator Entertainment.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK