(Видео) Монако по пресврт го победи ПСЖ


14263243.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европскиот шампион ПСЖ по првите три рунди во Лига 1 има само два бода. Откако ремизираа во првите две рунди, „Светците“ вечерва во Париз загубија од Монако со 1:2. Клубот од малото кнежевсто има три победи на стартот од сезоната.


Монако, на „Паркот на принцовите“ успеа да слави по пресврт во второто полувреме, откако во првиот дел неговите фудбалери не создадоа ниту една шанса пред голот на ПСЖ.

Се играше 31-та минута кога Маркињос успеа да го постигне првиот гол на натпреварот. Кварацхелија одлично мина по левата страна, го погоди Маркињос во градите и топката влезе во голот.

На почетокот од второто полувреме, ПСЖ имаше неколку шанси, прво Витиња, потоа и Аклљуш, а откако не ги реализираа, Парижаните ги шокира Назињо.

Како што одминуваше натпреварот, Монако играше сè посигурно, резултата на таквата игра беше уште еден гол.

Головин го проигра Идумба во контранапад, тој се намести на левата нога и го совлада Сафонов.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK