(Видео) Клуни се пошегува дека не сака да рекламира тампони по смртта, веднаш се појави таква снимка


kluni-depositphotos_615768230_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џорџ Клуни изрази загриженост поради развојот на вештачката интелигенција и се пошегува дека не би сакал неговиот лик по смртта да биде користен во реклами за тампони. Набргу потоа на интернет се појави токму такво лажно видео создадено со вештачка интелигенција.


Клуни за вештачката интелигенција зборуваше на прес-конференција на Филмскиот фестивал во Венеција, каде што му беше врачен Златниот лав за животно дело. Тој оцени дека ВИ ќе има негативно влијание врз филмската индустрија и дека голем број работни места, особено во областа на визуелните ефекти, би можеле да исчезнат.

„Тоа ќе ни наштети на повеќе нивоа. Ако се занимавате со визуелни ефекти, ќе ви биде тешко да напредувате бидејќи многу работни места ќе исчезнат. Можеби околу 30 отсто. Не ја знам точната бројка, но ќе згаснат голем број работни места“, рече Клуни.

На прашањето што не би сакал да му се случи по смртта, актерот низ смеа одговори: „Би сакал да избегнам 20 години по мојата смрт да се појавам во реклама за тампони.“

Неговата шега очигледно инспирирала креатор на содржини, кој со помош на ВИ направил видео во кое лажна верзија на Клуни рекламира тампони. Видеото беше објавено на платформата X и предизвика бројни шеговити реакции, а дел од корисниците го поврзаа со неговиот долгогодишен ангажман во рекламите за „Неспресо“.

Клуни се осврна и на својата кариера, оценувајќи дека покрај талентот и работата, голема улога има и среќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK